Најмалку девет мртви и пет повредени лица во експлозија во фабрика за оружје во рускиот град Копејск

Најмалку девет лица загинаа, а петмина други се повредени во експлозија во фабрика во рускиот град Копејск во регионот на Урал, објавија утринава руските државни медиуми, повикувајќи се на гувернерот на Чељабинск, Алексеј Текслер.
Извештаите дека дрон ја погодил фабриката првично не можеа да бидат потврдени, пренесува ДПА.
Во својата објава на Телеграм, Текслер не прецизираше за каков тип фабрика станува збор. Според локалните извештаи, фабриката произведува муниција за руската војска.
Копејск се наоѓа на околу 2.000 километри од Украина и е во близина на границата на Русија со Казахстан.
Од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, Киев сè повеќе користи беспилотни летала за напади врз фабрики и енергетски инсталации длабоко во соседната земја, потсетува германската агенција.
Украинските разузнавачки служби, исто така, вршат саботажи врз руски компании за оружје, додава ДПА.
MИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски до Вреди: Нема да ја заборавиме жртвата која ја дадовме на овие избори, а за возврат не добивме ништо
-

Мециновиќ најавува конкретни решенија за отпадот во Скопје
-

Лабудовиќ најавува субвенции за годишен сервис на лифтови и хидранти - За безбедни згради и сигурни граѓани
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Влатко Грозданов, кандидат за градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ
-

Ден на револуционерната борба
-

Герасимовски со итни мерки од кризниот штаб за справување со ѓубрето во Центар, се мобилизираат и другите општини
