Најмалку девет лица загинаа по силно невреме што ја зафати источна Австралија
Најмалку девет лица загинаа во силно невреме што ги зафати источните сојузни држави на Австралија за време на божиќните празници, и кое зад себе остави урнати дрвја и далноводи и десетици илјади домаќинства без струја.
Полицијата и спасувачките служби во сојузните држави Викторија и Квинсленд ја потврдија смртта на осум лица, од кои најмладото е деветгодишното девојче кое наводно било однесено во поплавен атмосферски одвод во предградието на Бризбејн, главниот град на Квинсленд.
Седум луѓе загинаа во бура на источниот брег на Австралија, каде што спасувачите продолжија да трагаат по исчезнатите лица, а повеќе од 80.000 домови останаа без струја. Жртвите ги загубија животите во сојузните држави Квинсленд и Викторија, кои од понеделникот се погодени од невреме и силни ветрови што предизвикаа поројни поплави.
Брод со 11 луѓе се преврте во близина на Бризбејн, при што се удавија две лица, соопшти полицијата.
„Изминатите 24 часа беа трагични поради временските услови“, изјави началникот на полицијата во Квинсленд, Катарина Керол. Регионот на Квинсленд и понатаму е изложен на ризик од грмотевици, поплави, град и силен ветер, предупреди австралиската метеоролошка служба.
Ново на Сител
-
Муцунски во посета на Казахстан: Во фокусот економската и политичката соработка
-
Скопјанец приведен за семејно насилство
-
70-годишен велосипедист од Охрид тешко повреден во сообраќајка
-
43-годишник почина по каснување од пчели во гостиварско
-
Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово
-
Покрај Крмзов обезбедени уште две лица - Обвинителството за утре најави брифинг за случајот
-
Околу 60 демонстранти приведени во Сан Франциско
-
Фон дер Лајен: Ако не ги заштитиме океаните ја ризикуваме нашата иднина