Најмалку десетмина убиени во оружен напад на милитанти во главниот град на Сомалија
Најмалку десет лица се убиени во напад на вооруени милитанти во хотел во близина на претседателската палата во сомалиската престолнина Могадишу, соопшти полицијата.
Нападот во Могадишу се случи два дена по големата операција на сомалиската војска во центарот на земјата, во која според вооружените сили беа убиени најмалку сто борци на Ал Шабаб, вклучително и десет милитантни водачи.
Сомалија со децении е во безередие и конфликт, а најмногу проблеми за властите претставуваат токму милитантите од Ал Шабаб.
Изминатите неколку месеци Владата презеде серија акции против терористичката група, која контролира големи делови од централните и јужните делови на Сомалија.
Сомалиската армија со поддршка на вооружени кланови и цивили, неодамна успеа да ја врати контролата врз голем дел од областите што беа под управа на милитантите од Ал Шабаб.
Ново на Сител
-
Кејт Мидлтон го откажа своето присуство на коњичките трки „Ројал Аскот“
-
По седум години повторно се отвора комплексот „Македонско село“
-
Влада: 50-тина училишта ќе добијат фотоволтаични системи
-
ФА: Мудрик пред четиригодишна суспензија
-
Гвардиола го избра Силва за нов капитен
-
Порази на Ивановски и Стоилковска
-
Светскиот рекордер Домен Превц доби споменик на Планица
-
ФИФА: Продадени 1.5 милиони влезници за Светското клупско првенство