-->
-->
Најмалку четворица загинати во серија експлозии во Кабул
-->

Во повеќе експлозии во главниот град на Авганистан, Кабул загинаа најмалку четри лица, од кои двајца полицајци, а повредени се четворица.
Во западниот дел на Кабул експлодира магнетна бомба поставена на полициско возило, при што загинаа четири лица.
Во исто време се случи и експлозија во јужниот дел на Кабул, при што се повредени двајца полицајци.
Третата магнетна бомба експлодира во источниот дел на Кабул, но нема жртви. Очевидци тврдат дека имало уште две експлозии на истата локација.
За нападите се уште никој не презеде одговорност.
Нападите се во време кога претставници на талибанците и авганистанската Влада учествуваат во мировните преговори во Катар, со што треба да се стави крај на повеќедецениската граѓанска војна во Авганистан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
-

Сточарите со загуби, 450 илјади вакцини на пат
