Најмалку четворица загинати и 61 повреден затвореник во пожарот во техеранскиот затвор Евин
Во пожарот што ноќеска избувнал во злогласниот техерански затвор Евин загинале најмалку четворица затвореници, а 61 се повредени, потврдија денеска иранските власти.
Иранските државни медиуми јавуваат дека четворица од повредените се наоѓаат во критична состојба, а четирите жртви починале од вдишување чад.
Пожарот во злогласниот затвор се случува во време на протести што веќе цел месец траат низ целата блискоисточна земја по смртта во притвор на 22-годишната Махса Амини, која беше уапсена поради несоодветно носење на исламската облека.
Протестите се претворија во еден од најголемите предизвици за ултра-конзервативната влада формирана од Исламската револуција во 1979 година.
Пред властите да го објават билансот на загинатите во пожарот, семејствата на дел од политичките затвореници на социјалните мрежи ги повикаа властите да се грижат за нивната безбедност во Евин.
Во 2018 година, американските власти го ставија затворот на црна листа за „сериозни прекршувања на човековите права“.
Иранските власти вчера соопштија дека била запалена работилница во затворот, како последица на „тепачки меѓу затвореници осудени за финансиски криминал и кражба“.
Снимките од Евин на државната телевизија покажуваат дека пожарникарите ја истражуваат работилницата и штетите од пожарот на покривот. Телевизијата, исто така, ги прикажа затворениците како „спијат откако ситуацијата се смири“, пренесуваат британските медиуми.
Ново на Сител
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари
-
Само 20 до 30% се изградени затворените базени чија градба започна пред 5 години