Најмалку 74 загинати во пожарот во зграда во Јоханесбург, меѓу нив и 12 деца

Најмалку 74 лица загинаа во пожар во зграда што избувна вчера во Јоханесбург, најголемиот град во Јужна Африка, покажуваат најновите информации на службите за итни случаи. Повеќе од 50 лица се повредени, пишува Си-eн-eн.
Пожарот избувнал во раните утрински часови, околу 01:30 часот. Властите соопштија дека се движеле низ зградата кат по кат, барајќи преживеани и извлекувајќи јагленисани тела. Најмалку 12 деца има меѓу жртвите, соопштија градските власти на прес-конференција вчера попладне. Оттогаш пожарот е изгаснат.
Јоханесбург е еден од најнееднаквите градови во светот со огромна сиромаштија, невработеност и станбена криза. Според провинциската влада Гаутенг, околу 15.000 се бездомници. Пожарите се секојдневна појава во Јоханесбург, особено во сиромашните области.
Ова е четврта постара зграда која е зафатена од пожар во Јоханесбург во изминатите неколку месеци, објави локалната новинска организација Тајмс Лајв. Претходно во август, најгорниот кат од зграда во предградието Јеовил, блиску до централната деловна област, беше запален.
Ново на Сител
-   
           Силјановска Давкова: Наместо поддршка добивме уцени и услови за членството во ЕУ
-   
           Во исто време има и грип и Ковид-19
-   
           Винаријата Монтеко го промовираше премиум виното Волкано
-   
           Преглед на вестите од светот
-   
           Филипче обвинува за предизборни притисоци
-   
           Лабудовиќ најавува нов плоштад Феникс во склоп на новата општинска зграда
-   
           Во Охрид премиера на претставата Парите се отепувачка
-   
           Преглед на вестите од светот






