Најмалку 69 загинати од ураганот Хелена во САД
На југоистокот на САД вчера започнаа големи активности за чистење и обнова на штетите од силните ветрови, дождови и надојдената вода и песок предизвикани од ураганот Хелена што остави милиони луѓе без струја, разурна патишта и мостови и предизвикаа катастрофални поплави од Флорида до Вирџинија.
Според податоците на властите од Јужна Каролина, Флорида, Џорџија, Северна Каролина и Вирџинија, смртниот биланс од ураганот досега изнесува најмалку 69 лица кои го изгубиле животот. Властите стравуваат бројот на жртви да се зголеми.
Проценките за штетите варираат од 15 до над 100 милијарди долари, соопштија викендов осигурителните компании и економистите. Материјалната штета и економските загуби ќе се прецизираат додека се оценува деструкцијата.
Во Северна Каролина, бројот на загинатите се зголеми на 11 лица, изјави вчера гувернерот Рој Купер. Според него, сите патни делници во западниот дел на државата треба да се сметаат за затворени, а за нивна обнова ќе бидат потребни месеци. Во овие области со авион се доставуваат храна и вода.
-Ова е трагедија без преседан која бара одговор без преседан, рече Купер на прес-конференцијата.
Во градот Флет-Рок, Северна Каролина, електричната енергија е исклучена, а луѓето стојат со часови во редови за бензин.
Според податоците на Федералната агенција за управување со вонредни ситуации (ФЕМА), бурата оштетила водоснабдувачки системи, кабелски комуникации и важни транспортни патишта низ целиот регион.
Инженерскиот корпус на американската армијата вчера започна со проценување на штетите на системите за водоснабдување, соопштија од ФЕМА.
Според претставник на Министерството за енергетика, околу 2,7 милиони корисници вчера останале без струја, што е 40 проценти помалку од петокот, откако штетите од брановите, силните ветрови и опасните услови се проширија на стотици милји во внатрешноста на земјата.
Ново на Сител
-
Битолчанец крадел електрична енергија и заработил 9.300.955 денари
-
Мицкоски: Судскиот совет да ја преиспита работата на судијата кој ја намали казната затвор за смртта на Теодора
-
Над 4.800 деца лани чекале за упис во градинка, 67 отсто од градинките работат со преоптоварени капацитети
-
Уапсен скопјанец во Тетово, возел со 2,15 промили алкохол во крвта
-
Приведен кавадарчанец кој физички ја нападнал баба си и тешко ја повредил
-
Четворица од повредените во Кочани денеска ќе бидат отпуштени од софиската болница „Пирогов“
-
Раниери: Пред да умрам сакам да видам што има надвор од фудбалот
-
Почна аплицирањето за влезници за финалето во Лигата на шампиони