Почна аплицирањето за влезници за финалето во Лигата на шампиони

Европската фудбалска федерација (УЕФА) го отвори денеска процесот на аплицирање за купување билети за овогодишните финалиња во Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига.
Официјалниот портал за купување билети на УЕФА ќе биде отворен до петок, 11 април во 11 часот, а секој поединец ќе може да купи најмногу два билети за Лигата на шампионите, а по четири за преостанатите две финалиња.
Како и изминатите години, најголемиот дел од билетите се наменети за навивачите на финалистите, додека билетите за пошироката јавност ќе се продаваат преку лотарија што ќе се спроведе по завршувањето на периодот за пријавување.
Финалето во Лигата на шампионите ќе се одигра на 31 мај на Алијанц Арената во Минхен, со капацитет од 64.500 седишта.
Цените на билетите се движат од 70 евра за финалистите, а за останатите места ќе треба од 180 до 950 евра.
Финалниот натпревар во Лига Европа ќе се игра на 21 мај во Билбао, додека финалето на Конференциската лига на 28 мај во Вроцлав.
Ново на Сител
-

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина
-

Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе биде чисто
-

Нетанјаху нареди силни удари врз Газа по прекршување на примирјето
-

По Куманово, дојави за бомби во основни училишта и во Скопје
-

Дојави за наводно поставени бомби во повеќе основни училишта во Куманово
-

Димитриеска Кочоска: Со Предлог буџетот за 2026 забрзување на економскиот раст, дури 40,5 милијарди за капитални инвестиции
-

Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина
-

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 проценти, инфлација 2,5
