Најмалку 58 загинати при напади врз Источна Гута
Најмалку 58 цивили загинаа денеска при воздушни напади на сириските владини сили врз предградието на Дамаск, Источна Гута и неговата околина, кои се под контрола на бунтовниците, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Според оваа невладина организација со седиште е во Лондон, меѓу загинатите има и десетина деца.
Директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман информира дека при нападите се нанесени сериозни оштетување на цивилни станбени објекти во Источна Гута и во неколку околни села.
Според податоците на Центарот, од 29 декември, па досега, при напади на сириските владини сили врз реонот на Источна Гута загинале 429 лица, од кои 106 биле деца, додека само во последниве четири дена во овој реон животите ги загубиле над 200 лица.
Од друга страна, во напади на бунтовничките сили од Источна Гута врз позиции во Дамаск и други делови во неговата околина под контрола на валдините сили, од ноември, па досега, загинале најмалку 78 лица, меѓу кои и десет деца.
Подрачјето на Источна Гута повеќе од четири години е под контрола на бунтовниците и често е цел на напади на владините сили. Во реонот живеат околу 400.000 лица, кои се соочуваат со недостиг на основни животни намирници.
Досега, како што јави МИА, имаше неколку обиди за прогласување прекин на огнот во Источна Гута, со цел да се достави хуманитрана помош до населението, но тие пропаднаа.
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено