Најмалку 547 момчиња од германски католички хор биле жртви на физичко и сексуално злоупотребување
Најмалку 547 момчиња од познатиот германски католички хор во Регенсбург станале жртви на физичко насилство и сексуална злоупотреба, вклучувајќи и силувања, во периодот меѓу 1945 и почетокот на 90-те години од минатиот век, се наведува во денеска објавениот конечен извештај од истрагата за аферата, јави ДПА.
- Околу 500 деца од баварскиот хор „Регенсбургер домшпацен“ биле подложени на физичко матретирање, а 67 биле подложени на сексуално насилство, вклучувајќи и силување, изјави адвокатот Урлих Вебер, ополномоштен од Католичката црква да го расветли скандалот, кој изби во 2010 година.
Оваа бројка далеку ја надминуваа онаа која беше содржана во првичниот извештај во јануари 2016 година, кога беа споменати 231 жртва. Речиси една година претходно во февруари 2015 година локалните католички власти дадоа признание за само 72 деца.
Малтретирањата имале различна форма, од лишување од храна, преку тепање до сексуално насилство. Повеќето случаи се застарени и 49-те осомничени извршители нема да бидат судени, но секоја од жртвите ќе добие по 20 илјади евра обесштетување.
Поранешните хористи го опишуваат престојот во училиштето на светски познатиот хор со долга историја, како затвор, пекол или концентрационен логор, како најлош период во нивниот живот, одбележан со страв, насилство и очај, додаде Вебер.
Аферата се однесува за злоупотреби, извршувани во време кога хорот бил раководен од братот на поранешниот папа Бенедикт Шестнаесетти, Георг Рајцингер, меѓу 1964 и 1994 година. Георг Рајцингер кој сега има 93 години тврди дека не знаел за злоставувањата.
Ново на Сител
-
Клековски: Формирана е работна група за следење на напредокот при лекувањето на пациентите од Кочани
-
Саити: Црвен крст досега исплати 107 милиони денари за повредените во Кочани, остануваат 49 милиони што ќе се исплатат наскоро
-
ЈСП - Скопје: За продолжениот викенд неделен возен ред
-
Приведена 65-годишна штипјанка, го принудувала внукот да питачи во Дебар
-
Физички нападнат 30-годишен велосипедист во подрачјето на Карпош
-
46-годишен скопјанец пријавил дека неговиот малолетен син се оддалечил од домот
-
Германија мора да регрутира до 60.000 нови војници за да ги исполни целите на НАТО
-
Приведен 40-годишник, се заканувал на сограѓанин