Најмалку 40 загинати во бомбашки напад во Кабул
Најмалку 40 лица загинаа во денешните самоубиствени напади врз авганистанската новинска агенција „Воис“ и блискиот културен центар „Табајан“ во главниот град на Авганистан, Кабул.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Насрат Рахими изјави дека најмалку 40 лица се убиени и 30 повредени, во најновиот во серијата напади во Авганистан насочени против медиуми.
Нападот се случи за време на утринската панел-дискусија во културниот центар, при шпто најголем дел од присутните биле студенти.
Сајед Абас Хусини, новинар во агенцијата „Воис“ изјави дека за време по првичната експлозија, следела уште најмалку една експлозија. Тој соопшти дека во нападот е убиен еден новинар, а еден е повреден.
Очевидци соопштуваат дека во нападот е предвикана огромна штета во областа, населена претежно со шиитски муслимани.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, а портпаролот на талибанците Забинула Муџахид преку Твитер негираше учество на таа група.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи