Свет
3. July 2016 - 16:39

Најмалку 40 погинати во поплавите во Индија

Има стравувања дека најмалку 40 лица го загубиле животот во поплавите и одроните што го погодија северот на Индија, информираа денеска индиските власти.

Британските медиуми јавуваат дека најтешко погодена е државата Утаракханд.

Илјадници лица се загрозени бидејќи одроните земја блокирале стотици патишта во оваа индиска држава, а локалните власти наредила евакуација на нивните домови.

Дождот што непрекинато паѓа ги отежнува напорите на спасувачките служби, а метеоролозите предвидуваат нови врнежи, наведуваат британските медиуми.