Најмалку 4 загинати во терористичкиот напад во Виена, убиен е еден терорист
Најмалку четири лица – двајца мажи и две жени беа убиени во истовремени терористички напади синоќа во центарот на Виена на шест различни локации, соопшти австриското Министерство за внатрешни работи.
Австрија помина непроспиена ноќ, а жителите беа заклучени во своите куќи додека траеше потрагата по терористи.
Министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Неамер на утринската прес-конференција презентираше нови информации за нападот, информирајќи дека станува збор за тероризам.
Рече дека околу 15 лица се повредени, некои од нив се со исклучително сериозни повреди и се наоѓаат во болници.
Еден од напаѓачите е убиен во акцијата на полицијата и армијата. Министерот Немер објасни дека напаѓачот бил симпатизер на Исламската држава и дека бил извршен претрес во неговата куќа и по тој повод бил одземен видео материјал.
Портпаролот на полицијата Харалд Серес рече дека полицијата претпоставува дека имало најмногу четири напаѓачи, но тој посочи дека истрагата е во тек.
Се анализираат добиените видео материјали, како и изјавите на сведоците.
Напаѓачот кого го убила полицијата имал автоматска пушка, пиштол и мачета со себе.
Ново на Сител
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
-

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите
