Најмалку 36 повредени, од кои 11 сериозно, во силни турбуленции во авион на „Хаваи ерлајнс“
Авион на компанијата „Хаваи ерлајнс“, што летал на линијата од Феникс, Аризона, до Хонолулу, Хаваи, вчера, на 30-тина минути пред слетувањето доживеал силни турбуленции, при што биле повредени најмалку 36 лица, од кои 11 сериозно, а меѓу нив има и деца.
Службите за итни случаи, вклучувајќи пожарникари, екипи на Брзата помош и Државниот спасувачки тим за пожари, биле повикани на аеродромот да одговорат на „итната ситуација со масовни жртви“ што се случи околу 11 часот, пишува Гардијан.
Од повредените 20 се пренесени во Ургентен центар, од кои 11 се во тешка состојба, а девет се во стабилна состојба.
Националната метеоролошка служба наведува дека е можно силните турбуленции да биле предизвикани од минувањето на авионот низ бура, бидејќи во тој момент во областа на летање биле пријавени грмотевици.
Портпаролот на авиокомпанијата „Хаваи ерлајнс“ додаде дека авионот „Ербас А330“ превезувал 278 патници и 10 членови на екипажот и влегол во зоната на турбуленции додека се приближувал до островите.
Ново на Сител
-
Путин потпиша декрет дека нуклеарното оружје останува последната линија на одбраната
-
Диди потплатил сведок, најдени лични белешки
-
Гардијан: Украина одбележува 1000 дена од руската инвазија и почетокот на војната
-
Три лица убиени во напад со нож на Менхетен
-
Николоски: Бугарија работи на алтернативна пруга на Коридор 10 и затоа е важно ние што поскоро да изградиме брза пруга
-
Зеленски соопшти дека седум луѓе, меѓу кои и едно дете, загинале во руски напад во североисточна Украина
-
Во Грузија судири меѓу демонстрантите и полицијата, уапсени најмалку десет лица
-
Како ракети со долг дострел што ја гаѓаат Русија можат да влијаат на војната во Украина