Свет
29. February 2016 - 18:17

Најмалку 35 лица загинаа во напад на погреб во Ирак

Најмалку 35 лица загинаа, а 55 се повредени во самоубиствен бомбашки напад за време на погреб на еден шиитски борец во ирачкиот град .

Официјални претставници на безбедносните сили соопштија дека во нападот е убиен локалниот лидер на шиитската милиција.

Засега никој нема преземено одговорност за инцидентот.

Во шиитскиот кварт Садр во Багдад вчера во два координирани напада беа убиени 78 лица, а повеќе од 100 се повредени. Одговорноста за овие напади ја презеде џихадистичката група Исламска држава.