Најмалку 262 турски дипломати и вработени во армијата побарале азил во Германија
По минатогодишниот обид за преврат во Турција, најмалку 262 дипломати и вработени во турската армија побарале азил во Германија, соопшти германското Министерство за внатрешни работи.
Бројот на турски граѓани кои бараат азил во Германија, драстично се зголеми по неуспешниот државен удар и откако Турција ги предупреди сојузниците од НАТО да ги отфрлат молбите на војниците кои се осомничени од страна на турските власти за поврзаност со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен.
Анкара го обвини Ѓулен и неговите приврзаници од терористичката организација ФЕТО дека стојат зад обидот за пуч.
Претставникот на германското Министерство за внатрешни работи Ахегрет Кроф изјави дека, од лицата кои поднеле молба за азил, 151 поседуваат дипломатски пасош, а 111 лица имаат пасоши што не се наплаќаат, какви што им се издаваат на војници или државни службеници кои патуваат по служба.
Кроф посочи дека наведените податоците можеби не се целосно точни бидејќи се темелат на доброволни изјави од кандидатите за азил.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни шест пожари, под контрола пет
-
Науката потврди: Многумина кои прекинуваат со лекови за слабеење, повторно накачуваат тежина
-
Пентагон повлекува 700 маринци распоредени во Лос Анџелес поради протестите
-
Македонски државјанин се удави во близина на Драч
-
На Табановце се чека до 30 минути, патот до ГП Пелинце затворен до 16 часот
-
Пред пратениците на 62. пленарна седница Дополнетиот ребаланс на Буџетот
-
Топлотен бран во земјава - да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето
-
Меморандум за разбирање со „Казанџи Холдингс АС“ за ивестиција, вредна милијарда евра