Балкан
8. August 2019 - 21:20

Најмалку 23 повредени повредени во земјотресот во Турција

Во силниот земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала, што денеска ја погоди западна Турција, повредени се 23 лица, а оштетени се повеќе домови.

Епицентарот бил во градот Бозкурт во провинцијата Денизли, соопштија властите.

Земјотресот се случи во 14:25 часот по локално време. 23 лица побарале лекарска помош или биле хоспитализирани по земјотресот.

Градоначалничката на Бозкурт, Бирсен Стил изјави дека во земјотресот биле урнати неколку куќи, а голем број се оштетени.