Свет
5. јуни 2016 - 18:16

Најмалку 23 цивилни жртви при воздушните напади во Алепо

Најмалку 23 цивили беа убиени денеска при ударите на сириските воздухопловни сили врз квартови на градот Алепо, контролирани од сириските бунтовници ,соопшти сирискиот Центар за набљудување на човековите права.

Во четвртокот, по месец на затишје во Алепо беше обновена меѓусебната размена на оган.

Вчера во ракетни напади беа убиени 24 цивили во квартовите на Алепо под контрола на сирискиот режим.