-->
-->
Најмалку 206 загинати во свлечиште во Колумбија
-->

Најмалку 206 лица загинаа, 202 се повредени, а повеќе од 220 се водат како исчезнати при големо лизгање на земјиште во градот Мокоа во провинцијата Путумајо во југозападниот дел на Колумбија, соопшти колумбискиот Црвен Крст.
Колумбиската Национална агенција за управување со кризни состојби информиеа дека долготрајните и обилни врнежи од дожд предизвикале зголемување на нивото на водите на реката Мокоа и три нејзини притоки, при што силните водени текови ги разурнале бреговите и се излил кон градот Мокоа предизвилувајќи свлечиште од земја и кал.
Владата во Богота прогласи вонредна состојба, а над 1.100 војници се итно испратени во погодениот реон да помогнат во спасувањето на луѓето и во санирањето на последиците од големата катастрофа.
Според директорот на Црвениот Крст, Сесар Урења, 17 населби во Мокоа, кој се наоѓа во близина на границата со Еквадор, се покриени со водата, додека под калта во моќното свлечиште се затрупани 25 станбени згради во кои живееле околу 300 семејства.
Големото невреме и лизгањето на земјиштето предизвика целосно уништување на неколку мостови, како и 80 отсто од локалните патишта, што дополнително ја отежнува ситуацијата.
Градоначалникот на Мокоа, Хозе Антонио Кастро изјави дека во градот нема вода за пиење и струја и дека тој е целосно отсечен од остатокот на земјата.
Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос уште синоќа на својот налог на Твитер објави дека „Колумбијците се во жалост поради жртвите“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија
-
Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната
-
Ана Брнабиќ: Со усвојување три медиумски закони, Србија ќе добие закони целосно усогласени со оние на ЕУ
-
Утре топло со температура до 38 степени
-
Скопјанец приведен во Кавадарци поради агресивно и недолично однесување
-
Жител на Пепелиште пријавил напад од три лица, напад и врз неговите родители и бабата
-
Приведен 58-годишен маж од Кавадарци, возел со 2,13 промили алкохол во крвта