-->
-->
Најмалку 17 мигранти се исчезнати откако чамец потонал во Егејско Море
-->
Најмалку 17 лица се водат како исчезнати откако чамец, со кој се превезувале мигранти, потонал во Егејското Море меѓу Турција и Грција.
Грчкото Министерство за трговска морнарица соопшти дека со заеднички напори на грчки и турски спасувачки екипи биле спасени 16 луѓе. Во чамецот, кој потонал меѓу грчките острови Фармагониси и Агатониси, се наоѓале меѓу 33 и 37 мигранти, чија националност не е позната.
- Спасувачката операција продолжува. Во потрага сме по меѓу 17 и 21 лице, изјави портпарол на грчкото Министерство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро