Најмалку 16 загинати од кои 11 се цивили во напад врз болница во сирискиот град Африн
Најмалку 16 лица, вклучувајќи и 11 цивили, се убиени во вчерашните напади врз градот Африн во Сирија, каде е бомбардирана болница во секторот под контрола на антитурските бунтовници, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човекови права.
Лекар, три медицински лица, три жени и едно дете, како и еден бунтовнички командант се меѓу жртвите на бомбардирањето, чија цел била болницата Ал-Чифа, соопшти оваа невладина организација со седиште во Велика Британија.
-Гаѓаа повеќе населби во градот и погодија болница, изјави директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман.
„Повеќето од жртвите починаа во бомбардирањето на болницата“, соопшти невладината организација, додавајќи дека бројот на загинати може да се зголеми поради големиот број ранети.
Нападите беа извршени од провинцијата Алепо, каде се наоѓаат милициите лојални на Иран и сирискиот режим на претседателот Башар ал Асад, наведува Центарот.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот
-
За Водици се очекуваат голем број посетители
-
Снежен бран ја очекува Македонија