Најмалку 15 загинати во експлозија на пазар во пакистанскиот град Парачинар
Најмалку 15 лица погинаа, а 50 се ранети во експлозија што денеска одекна на пазар во Парачинар, град во мнозински шиитска област на северозапад од Пакистан, јави Танјуг.
Експлозијата одекнала на преполниот пазар во областа Курам, на границата со Авганистан.
Локални претставници стравуваат дека бројот на жртвите ќе биде поголем.
Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата, пренесуваат француските медиуми.
На снимките на локалната телевизија се гледа како стотици лица бегаат од пазарот, на кој главно се продава половна облека.
Речиси половината од ранетите се наоѓаат во критична состојба, наведуваат лекарите од локалната болница.
Се уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Оваа област е позната по судирите меѓу сунитите и шиитите, кои сочинуваат околу 20 отсто од вкупната популација на Пакистан, земја со 200 милиони жители.
Ново на Сител
-
Магистралниот пат Охрид - Ресен затворен за сообраќај поради незгода
-
Утре температура до 39 степени, следните денови уште потопло
-
Се враќа оградата пред владината зграда во Скопје
-
Пожар на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци
-
Земјотрес со јачина од 3,4 степени во близина на Охрид
-
Патриоти за Европа нова група во ЕП или само ново име за десничарската Идентитет и демократија
-
Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми