Најмалку 15 загинати и 24 ранети во пукање на Универзитет во Прага
Пукањето на универзитетот во центарот на Прага, во кое загинаа 15 луѓе, не е поврзано со меѓународен тероризам, соопшти чешката влада. Седуммина од ранетите се во критична состојба.
-Нема индикации дека ова злосторство има каква било поврзаност со меѓународен тероризам, изјави министерот за внатрешни работи Вит Ракушан на прес-конференција за пукањето во зградата на Карловиот универзитет.
Началникот на полицијата Мартин Вондрашек изјави дека повеќе од 15 луѓе ги загубија животите, а најмалку 24 се ранети. Седуммина од нив се во критична состојба, соопштија од болницата.
Злосторството се случи денеска во Универзитетот што се наоѓа во центарот на Прага.
Полицијата го идентификувала убиецот како студент на Факултетот за уметности на Универзитетот, каде што ги застрелал своите жртви. Давид К. (24) кој стуриал Светска историја бил пронајден мртов во истата зграда. Давид К. дипломирал во мај на тој универзитет. Полицијата соопшти дека напаѓачот се самоубил.
Таткото на убиецот е пронајден мртов рано денеска, соопшти полицијата.Чешки медиуми објавија дека најверојатно тој го убил својот татко и потоа се упатил со огнено оружје во Универизтетот.
Осомничениот за пукањето, оваа недела на Телеграм напишал дека го мрази светот и сака зад себе да остави што е можно повеќе болка, јавија чешките медиуми.
Ново на Сител
-
Музичари и познати личности се збогуваат со загинатите од бендот „ДНК“
-
ЕХФ го одби одложување на Словенија - Македонија, навивачите ќе оддат почит на загинатите во Кочани
-
Владата по трагедијата во Кочани донесе неколку важни одлуки
-
Тошковски: Осомничени над 20 лица, 15 се во полициска станица
-
Дваесет и седум пациенти се транспортираат во болници во соседните држави
-
Сара Пројковска која беше придружен вокал на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани
-
Меѓу загинатите е и гитаристот на ДНК: „Што сака нека биде“ беше песната кога започнал хоророт
-
Директорот на Центарот за култура Штип и клавијатурист на „ДНК“ меѓу починатите во Кочани