Најмалку 15 цивили убиени во американски воздушен напад во Авганистан
Најмалку 15 цивили беа убиени, а 13 беа ранети во напад на американско беспилотно летало во источен Авганистан, соопштија Обединетите нации.
Светската организација повика на независна истрага за нападот, извршен рано изутрината во средата во округот Ачин, во провинцијата Нангархар.
Американската воена команда го потврди воздушниот напад. Цел на нападот биле борци на џихадистичката групација Исламска држава, појасни командата и додаде дека собира информации во врска со тврдењата дека жртвите биле цивили.
- Ги преземаме сите неопходни мерки за да избегнеме жртви меѓу цивилите во тие операции и ќе продолжиме да работиме со авганистанските власти за да одредиме дали има причина за дополнителна истрага, се додава во соопштението на американската команда.
Ново на Сител
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата
-
Пристапноста и натаму проблем за лицата со попреченост
-
Преглед на вестите од светот
-
По изборите одлука на Уставен за Законот за јазиците
-
Над 20 судии, обвинители и адвокати за судиското место во Стразбур