Најмалку 14 загинати цивили во нападите на провладините сириски сили во Источна Гута
Најмалку 14 цивили се убиени во најновите воздушни напади на просириските владини сили против бунтовничката енклава Источна Гута, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон.
Сирискиот претседател Башар ал Асад најави дека нападите против бунтовниците ќе продолжат.
Во текот на ноќта и рано изутрината, неколку делови на Источна Гута беа цел на воздушни напади и ракетирања.
- Од почетокот на офанзивата на 18 февруари загинаа 709 цивили, изјави директорот на Центарот Рами Абдел Рахман. Тој дополни дека владините сили ја вратиле контролата над повеќе од една четвртина од Источна Гута.
Во текот на денот се очекува да пристигне и првиот конвој со хуманитарна помош, прв од почетокот на ескалацијата на насилството во тој регион. Конвојот се состои од 46 со медицинска помош и храна за 27.500 лица.
Ново на Сител
-
Солун и островите Скијатос, Скопелос и Алонисос се поврзаа со бродска линија
-
Орбан: Ќе има правни последици за организирање на Парадата на гордоста во Будимпешта
-
Приведен крадец од Куманово, украл мобилни телефони од продажен салон
-
Родителите и феноменот „омилено дете“
-
Истражување: Над 500 видови птици ќе исчезнат до крајот на веков
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ на трите сестрички од Драчево жртви на семејно насилство од нивниот татко
-
МЗШВ апелира за претпазливост: Зголемен ризик од пожари поради високите температури
-
Од 1 јули стапува забрана за движење во шумите