Најмалку 14 лица загинаа во терористички напад во Могадишу
Исламисти нападнаа хотел и познатата плажа Лидо во сомалиската престолнина Могадишу, убивајќи најмалку четиринаесет лица и повредувајќи над триесет, пренесе ДПА, повикувајќи се на портпарол на полицијата.
Бројот на жртвите може да се зголеми, бидејќи борбите помеѓу локалните сили и напаѓачите продолжуваат, додава агенцијата.
Потресни сцени беа споделени на социјалните мрежи, забележува ДПА. На видеата се гледаат луѓе како бегаат по плажата, обземени од ужас, додека одекнуваат истрели.
Спасувачките екипи не можат да стигнат до сите повредени поради продолжувањето на пукањето. Освен огнено оружје, се слушаат и експлозии.
Плажата Лидо е популарна дестинација за жителите на Могадишу за време на викендите. На пукањето му претходел самоубиствен напад на исламист, пренесе ДПА, повикувајќи се на податоци од полицијата.
Исламистичката терористичка група „Ал Шабаб“ ја презеде одговорноста за нападот преку изјава на своето радио, додава агенцијата.
Ново на Сител
-

Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат, секој граѓанин си е здраворазумен и има одговорност за својот глас
-

ОВР Дебар лиши од слобода лица за семејно насилство и поседување дрога
-

Три лица возеле пребрзо и под дејство на алкохол - СВР Куманово со кривични пријави
-

Истражување: Околу 64 проценти од Италијанците користат вештачка интелигенција при готвење
-

„Радар“: Заменик-директорот на српската полиција замина во предвремена пензија
-

Лабудовиќ: Центар ќе биде автентичен, но обновен, зелен и енергетско ефикасен
-

Во Прилеп се зголемува семејното насилство, треба меѓуинституционална помош
-

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица
