Најмалку 13 загинати при напади во шиитски населби во Багдад

Најмалку 13 лица загинаа денеска, а 37 други се ранети при два одвоени напади во ирачкиот главен град Багдад, соопштија медицинските извори.
Како што јави ДПА, двата напада биле извршени во багдадски населби каде претежно живеат шиити.
Според очевидци, еден автомобил-бомба експлодирал во близина на трговски центар во населбата Ал Шаб во северниот дел на Багдад. При експлозијата загинале 11 лица, а 25 се ранети.
Во вториот напад, што се случил во Садр Сити во источниот дел на Багдад, бомбаш-самоубиец усмртил две лица, а ранил 12 други.
Досега никој не ја презеде одговорност за нападите. За некои претходни слични вакви напади во Ирак, што се случија изминативе недели, одговорност презеде сунитската џихадистичка група Исламска држава (ИД), која шиитите ги смета за „еретици“.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: Војната не е завршена, Хамас ќе биде разоружан
-

Ѓорѓиевски: Над 300 милиони е вкупниот долг на ЈП, до денес се над 500 отпуштени кои не доаѓале на работа
-

Претседателката Сиљановска-Давкова прими делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство од шведскиот парламент
-

Трамп им се закани на контролорите на летање во САД веднаш да се вратат на работа
-

Во Словенија закажан референдум за асистираното умирање
-

Полицаец заедно со уште три лица краделе бакарни кабли од фабрика во Скопје
-

Американската армија уништи два брода осомничени за шверц на дрога во Пацификот
-

Биткоин надмина вредноста од 92.000 евра
