-->
-->
Најмалку 12 луѓе загинаа во бомбашки напад во Багдад
-->
Во експлозија на автомобил-бомба загинаа најмалку 12 лица, а повредени се 50. Нападот се случи на пазар во источниот дел на Багдад.
Инцидентот се случи во претежно шиитската област Јамила.
Портпаролот на ирачкото Министерство за внатрешни работи изјави дека полицаец го забележал напаѓачот и отворил оган, но не успеал да го спречи нападот.
Според него, меѓу жртвите најмалку шестмина се цивили.
Се уште ниту една група не презела одговорност за нападот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петрушевски: Каде се СДС сега да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага?
-
И годинава атракција пловењето по Охридското Езеро
-
Македонија единствена држава на Балканот која нема своја историска база на податоци
-
Преглед на вестите од светот
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања