Најмалку 11 лица загинаа во поплави во северниот дел од Турција
Најмалку 11 лица загинаа, а едно се исчезна во поплави во северна Турција, соопштија денеска властите.
Поплавите ги погодија провинциите Бартин, Кастамону и Синоп, каде што врне силен дожд неколку дена.
Многу погодени области останаа без електрична енергија, а руралните патишта беа блокирани. Во провинцијата Бартин, најмалку 13 лица се повредени при уривање на дел од мост.
Надлежните служби се на терен, учествуваат во евакуација, пребарување и чистење на теренот. Хеликоптери спасуваат луѓе кои се искачени на покривите на своите домови, јавија локалните медиуми.
Во југозападна Турција, пожарникарите се борат со големиот шумски пожар во провинцијата Мугла, долж Егејското Море. Во пожарите што беснеат од 28 јули загинаа најмалку осум луѓе и предизвикаа огромна штета.
Ново на Сител
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток
-
Во Русија лани биле протерани двојно повеќе мигранти
-
Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека
-
Кривична за екс-началникот на Одделот за воздухопловство