Најголемото жариште на Ковид-19 во Италија е центар за мигранти
Најголемото појавување жариште на зараза со Ковид-19 во Италија во моментов е во градот Тревизо, во центарот за сместување на мигранти „Серена“, каде што се заразени речиси половина од 300 луѓе.
Позитивни не се само мигранти, туку и дел од персоналот што работи со нив.
„Мигрантите се виновни за сè“ е тонот кој преовладува во повеќето италијански медиуми, а претседателот на регионот Венето, Лука Заја, зборуваше во ист тон на прес-конференција.
Тој „центарот за мигранти, поранешната воена касарна „Серена“, го нарече црвена зона од која никој не смее да замине или да влегува сè додека постои ризик од ширење на инфекцијата.
Но, освен фактот дека половина од жителите на центарот се заразени, целосната вистина ја објави само весникот „Ил манифесто“.
Заразата „влегла“ однадвор и се раширила меѓу мигрантите, пишува весникот и потсетува дека еден од вработените во Центарот, Италијанец, се вратил од Пакистан во јуни без да биде тестиран или во задолжителен карантин.
Покрај тоа, вработениот Италијанец, дури и кога ги имал првите симптоми на вирусот, продолжил да работи во кантината на Центарот и се обидел сам да се лекува, од страв дека ќе остане без работа.
Дури откако завршил во болница, надлежните спроведе тестирање, па прво откриле уште тројца позитивни, а потоа и другите 130.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе им овозможи на кандидатите за членство целосен пристап до средства од инструментот „Глобална Европа“
-
Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп
-
Божиновска за ветерниот парк кај Штип: Силен сигнал за стабилни инвестиции и зелена транзиција
-
Медиуми: Франција и Италија одбиваат да купуваат американско оружје за Украина преку НАТО
-
ОЈО Битола постапува во случајот со примање поткуп во Болницата во Битола, повеќе детали се најавуваат за утре
-
Пожар од прскалка на роденденска забава во Свети Николе
-
Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага
-
Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена