-->
-->
Најголемите лаги кои луѓето си ги кажуваат сами на себе
-->

Признајте дека и вие сте излажале некогаш. Во повеќето ситуации со лагите си наштетуваме на самите себе. Еве ги најголемите три лаги.
Немам време
Ова е најстрашната лага од сите. Ако сте будни, дишете и вашето срце чука – вие имате време! Ако губењето тежина е критично за вашето здравје – треба да почнете да се храните здраво и да станете активни физички. Ако сакате да добиете подобра позиција на работа, мора да потрошите повеќе време на истата, да работите до подоцна. Луѓето имаат способност да ги тренираат своите мозоци за есенцијалните работи кои се потребни за подобар живот. Ако стоите во место – вие не се трудите доволно. Акциите се погласни од зборовите. Приоритизацијата е важна затоа што сите имаме време за работи од кои зависи нашиот живот. Начинот на кој се справувате со сопственото време го диктира триумфот кој ќе го постигнете во животот.
Добар сум
Овие зборови луѓето ги изговараат така ноншалантно и премногу често. Направете си социјален експеримент самите на себе– наредниот пат кога некој ќе ве праша како сте, почнете да му зборувате искрено како поминал вашиот ден. Светот и времето во кое што живееме е брзо и сурово, па многу ретко сме апсолутно „добри“. Зошто го криеме своето секојдневие од другите? Како фразата „добар сум“ да е еден вид одбранбен механизам. Сите имаат причини да тагуваат, сепак психијатрите и психолозите низ светот сметаат дека луѓето не треба да ги затвораат своите емоции затоа што тоа му наштетува на психичкото здравје на повеќе начини. Зборувајте за своите проблеми и за своето секојдневие. Најдете си една личност која може да ве слуша, а во исто време и да ве критикува. Она што го држите во себе може да изгние во вашиот ум, затоа кога имате шанса да се искажете – направете го тоа.
Ќе направам
Направи го ова. Направи го она. Промени го ова. Промени го она. Оваа фраза ги контролира нашите животи. Многу луѓе прават личен распоред со сите секојдневни обврски и цели. Пробајте зборчето „ќе“ да го смените со фразата „треба ... затоа што ...“. Не смеете да се жалите за крајните резултати ако не сте вложиле доволно. Бидете искрени со себе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Таравари: Ние не сме чамец за спасување
-
Прв етимолошки речник во македонскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка
-
Пред утрешната средба, Мицкоски бара Таравари јасно да каже дали соработува со Ахмети
-
Мицкоски и Филипче го повикаа Ахмети да се повлече од идеите за дестабилизација