Најголемиот дел од земјите на ЕУ ги отворија внатрешните граници на Шенген зоната
Повеќето земји-членки на ЕУ денеска ги отворија границите за патување низ Шенген зоната. И Германија и Франција ги отворија своите граници, додека помал број земји, меѓу кои Шпанија и Португалија, се очекува тоа да го сторат до крајот на месецот.
Од 1 јули треба да следи „втората фаза“ од отворањето на ЕУ, што се однесува на постепеното укинување на ограничувањата на надворешните граници на Шенген, во кои се вклучени и земјите од Западен Балкан.
Патниците од денеска на пладне преку апликацијата „Повторно отворете ја ЕУ“ ќе можат да добиваат ажурирани информации за граничните премини, за можните ограничувања на патувањето, мерките што се уште се во сила за заштита на јавното здравство во одделни земји
Врз основа на позитивните информации за епидемиолошката состојба низ ЕУ, Европската комисија ги повика сите земји-членки да ги укинат внатрешните гранични контроли во Шенген.
„Епидемиолошката состојба ширум ЕУ брзо се подобрува. Европскиот центар за контрола и спречување на инфекции оцени дека контролите на внатрешните граници меѓу членките на ЕУ не се ефикасен начин за борба против Ковид-19, се вели во соопштението.
На предлог на Европската комисија, земјите членки веќе почнаа консултации за „постепено и делумно“ укинување на ограничувањата на надворешните граници на ЕУ, што треба да почне на 1 јули.
„Европската комисија предлага Западен Балкан да биде на списокот на оние на кои ќе им се отвори границата од 1 јули“, рече комесарот за внатрешни работи Илва Јохансон.
Таа додава дека целиот процес мора да биде координиран и дека најважната цел е заштита на јавното здравство.
Критериуми што треба да се земат предвид при постепено отворање на надворешните граници на ЕУ со трети земји се епидемиолошката состојба, мерките за заштита при патување, како и принципот на реципроцитет, т.е. доколку ЕУ ги отвори границите за влез во Шенген кон трети земји и таа земја, исто така, треба да ги отвори своите граници за сите членки на ЕУ.
Ново на Сител
-
Во Црна Река 64-годишен маж пронајден мртов во автомобил
-
Безбедносни извори: Осомничениот за нападот на божиќниот пазар во Магдебург не бил на листа за надзор како исламист
-
Меџити: Груби не е во Косово, туку во Албанија
-
Укината забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Стража и на Маврово
-
Два руски аеродрома прекинаа со работа по напади на украински дронови
-
Поголем дел од Скопје без вода, санацијата треба да заврши за најмногу 15 часа
-
Хуманитарни предновогодишни настани за децата на Детската клиника
-
Посебен режим на сообраќајот поради тридневна посета на претседателот на Големото национално собрание на Турција