Најголеми и најмали јајца во светот
Најголемото јајце во светот го носи најбрзата птица на планетата - ној. Ноевото јајце, со бледожолта боја, може да биде тешко до 1,8 килограми што тежина на околу 20 кокошкини јајца.
Женката ној, јајцата ги положува во заедничко гнездо во вид на дупка во земјата, длабока од 30 до 60 сантиметри. Во едно гнездо може да бидат сместени од 15 до 60 јајца, а на нив назименично лежат мажјаци и женки, женките преку ден, мажите ноќе.
Инкубацијата трае од 35 до 45 дена, а младенчињата ној веќе од шестиот месец постигнуваат големина на возрасни единки, пишува Интернет порталот на РТС.
Иако ноевите јајца се најголеми во светот, многу се мали во споредба со големината на на птицата.
Новозеландскиот кафен киви, од друга страна, носи многу крупни јајца во однос на неговата големина. Женките се тешки околу 1,7 килограми, а едно нивно јајце во просек тежи 400 грама.
Најмали птичји јајца ги носат колибрите. Некои видови снесуваат јајца долги едвај седум милиметри. Тие се гнездат на дрвјата, а во гнездото обично има две јајца. Инкубацијата трае 12 до 19 дена.
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица