-->
-->
Најголем интерес за рефререндумот кај иселеницете во Швајцарија и Словенија
-->

До Државната изборна комисија преку веб апликацијата www.dijaspora.se c.mk до денеска до 12 часот се пријавиле 1.459 граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство за претстојниот референдум. Најголем е интересот за гласање на македонските иселеници во Берн и во Љубљана.
Од нив, како што соопшти денеска од ДИК, 1.431 пријави се прифатени, 27 се одбиени, а една пријава е во обработка.
Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн - 160, во Љубљана - 105, во Лондон - 93, и во Торонто - 88.
Најмал број пријави поднесени се за гласање во Атина, Киев, Њу Делхи, Подгорица, Приштина и Тирана - по една пријава.
ОД ДИК информираат дека дополнително ќе излезат со информации за податоците од јавниот увид во избирачкиот список.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
