-->
-->
Најдобрите ученици од Чешиново Облешево на бесплатен одмор во Дојран
-->
На пригодна свеченост во просториите на општина Чешиново Облешево, градоначалникот Костадин Личков денеска на најуспешните 20 ученици од четврто до деветто одделение од двете општински основни училишта им ги врачи наградите за ученик на генерацијата и петдневно бесплатно летување во Дојран.
- Годинава прв пат најуспешните ученици на општински, регионални и републички натпревари од основните училишта „Страшо Пинџур“ од Соколарци и „Климент Охридски“ од Облешево ги наградуваме со петдневен одмор во Дојран за нивниот успех. Настојувавме тоа навистина да бидат најдобрите ученици кои потекнуваат од повеќе населени места во општината, изјави Костадин Личков, градоначалникот Личков.
Најави дека со ваквата пракса ќе продолжат и во наредните години. - Во буџетот на општината ќе планираме финансиски средства за десетнедевен престој на најуспешните ученици од општината во некое од нашите одмаралишта во Македонија, како и формирање фонд за награди на талентираните ученици кои ке покажат резултати во поедини области, рече Личков.
На средбата со градоначалникот Личков присуствуваа наградените ученици заедно со своите родители, кои ја поздравија одлуката на општиските власти за наградно летување на нивните деца.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор
-
Странски кардиохирурзи и кардиолози ќе ги проверуваат наводите на Сашко Кедев
-
Жените жртви на семејно насилство не добиваат соодветна заштита од институциите, вели ДЗР
-
Прочистување на судско-обвинителскиот систем после локалните избори
-
Мицкоски: Гласачкото ливче на локалните може да биде долго и 7-8 метри
-
Лукровски презентираше план за Карпош
-
Герасимовски најави нова мобилна гаража во Капиштец со 290 паркинг места
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во Драчево со капацитет за 75 деца