-->
-->
Најдобар стрелец во 21. век е Роналдо
-->
Кристијано Роналдо во последно време речиси на секој натпревар соборува некој рекорд. Такво нешто беше видено и во средата на мечот од 17. Коло во Примера, помеѓу Реал и Реал Сосиедад. Реал славеше со 3:1, а Роналдо постигна два гола.
Португалецот во 42.минута го постигна првиот гол на мечот, што е негов 513 во кариерата, што го прави најдобар стрелец во 21 век.
Сосиедад, на почетокот од второто полувреме, израмни со спектакуларниот гол на Брума, а во финишот на мечот Роналдо возврати со уште поубав гол, негов 514 во кариерата.
Напаѓачот на Реал можеше да стигне и до хет трик, меѓутоа во првото полувреме, при резултат 0:0 не успеа да реализира пенал.
Инаку, до крајот на мечот во 88.минута, Лукас Васкез го постави конечниот резултат, со својот гол првенец во Примера.
Роналдо во 2015 година постигнал 57 голови, во исто толку натпревари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори