-->
-->
Најчесто име во Берлин - Мухамед
-->
Во Берлин минатата година најмногу машки деца го добиле името Мухамед, покажува статистиката на Општество за германски јазик, кое секоја година објавува листа на имиња што најчесто им биле давани на новороденчињата во Германија.
– Од вкупно 22.177 момчиња родени во Берлин во 2018 година, точно 280 го добиле името Мухамед, вели д-р Андреа-Ева Евелс, управен директор на Општество за германски јазик.
Тоа име го има често и во Бремен. Името Мухамед е на второ место зад Бен и пред Елиас.
Според Евелс, на второ место во Берлин е името Луис, кое им било дадено на вкупно 244 момчиња, а трето најпопуларно име е Емил, кое го добиле 234 новороденчиња.
На врвот на листата на најпопуларни имиња на бебиња за 2018 година во Германија, кај девојчињата е Мари (2,6 отсто), додека кај момчињата Паул (1,32 проценти).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се утврдуваат причините за смртта на родилката од Куманово, новороденчето префрлено на скопските клиники
-
Голем пожар во фабриката за ајфон на компанијата Тата во Индија
-
Израелска армија: Убиен лидерот на Хезболах, Хасан Насралах
-
Британската влада ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан
-
Муцунски: Наскоро ќе почнат консултациите за нови амбасадори и пополнување на местата во конзулатите
-
Нови израелски напади врз областа околу Бејрут
-
Приведено лице за издржување на тригодишна казна затвор
-
Промена на времето со значителен пад на дневната температура