Најчестите знаци на анксиозност кај децата
Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо отворено да ги искажат своите грижи и чувства, децата честопати се повлекуваат во себе и манифестираат стрес преку однесување, телесна болка или промени во секојдневните навики, пишува „Кликс“. Поради сѐ ова, родителот понекогаш не препознава веднаш дека нивното дете се справува со анксиозност.
Следат некои од најчестите знаци на анксиозност кај децата.
Физички тегоби без јасна причина
Меѓу најчестите телесно-физички знаци се честите главоболки, гадење или болки во стомакот, особено во случаи на стрес. Децата честопати не можат да ги вербализираат своите емоции, па затоа ги покажуваат преку физички симптоми, што може да биде збунувачко за родителите.
Прекумерна грижа и стравови
Ако детето покажува прекумерна грижа за работи што другите врсници не ги сметаат за важни, како што се страв од болест, грешки во училиште или дека некој ќе задоцни да ги земе – тоа може да укажува на анксиозност. Грижата кај децата кои се борат со анксиозност честопати станува прекумерна и се претвора во пречка во секојдневното функционирање.
Избегнување
Анксиозните деца може да почнат да избегнуваат задачи и навики коишто вообичаено не би ги избегнувале, како што се одење на училиште, дружење со други веца или спиење на туѓо место. Избегнувањето е начин децата да управаат со ситуации што ги сметаат за заканувачки, па дури и ако се сосема безопасни за другите.
Промени во сонот и апетитот
Ако детето има проблеми со заспивањето, често се буди во ноќта или има ненадејни промени во апетитот – без разлика дали јаде премногу или премалку, и тоа може да биде знак дека доживува внатрешен стрес. Телото на детето често реагира на анксиозност преку овие физички промени – пред младата личност во развој да биде свесна за своите емоции.
Претерана потреба за уверување, потврда и повторување
Децата кои страдаат од анксиозност честопати имаат потреба од повторување на работите одново и одново и бараат уверување дека сè ќе биде во ред, дури и кога веќе им е кажано тоа. Ова однесување произлегува од внатрешната несигурност и потребата да се смират мислите што ги прават да се чувствуваат непријатно.
МИА
Ново на Сител
-
ЦУК: Гори депонијата во Вардариште
-
Трамп: Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе
-
Скопјанец удрил во заштитна ограда на исклучокот од патот Прилеп - Градско и ја качил на покривот на возилото
-
Кривична пријава за скопјанец кој преку веб страница продавал билети за непостоечки концерт
-
Лихвари од Скопје за 30.000 евра изнудиле 300.000 евра од кумановец
-
Безживотно тело на маж пронајдено покриено со земја и предмети во Кавадарци
-
Убиство во Бардовци
-
Посмртните останки на Душко Чифлиганец ќе бидат изложени утре во црквата „Св. Јован Крстител“ во Аеродром