Најавените врнежи добредојдени за земјоделството
Стабилното време изминатата седмица, како и дневните температури кои достигнаа натпросечни вредности за овој период од годината, придонесоа за пролетно будење на овошките. Според агрометеоролозите, најавените врнежи во наредните денови се од големо значење за земјоделските култури, но и за подготовка на почвата за садење, како и за успешно навлегување во посевите во период на пролетен развој.
-Во наредните денови, за време на викендот, времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Денеска повремено ќе дува силен ветер, над 60 километри на час, од јужен правец, а најавени се и врнежи од дожд на повеќе места. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните и јужните делови, над 20 литри на метар квадратен. Појавата на врнежи од дожд е од големо значење за земјоделските култури зашто го одржува на исто ниво пролетното будење на овошките, што е поволно во овој период од годината. Исто така, врнежите од дожд го подобруваат водно-физичкиот режим на почвата, ја надополнуваат влагата во почвата која е потребна во овој период, велат агрометеоролозите од УХМР.
Како што наведуваат, побарувањата на вода се големи, скоро кај сите земјоделски култури.
-Според физиологијата на растенијата, почвената влага е потребна за пролетна подготовка на почвата за садење на одредени култури, како и за успешно навлегување на посевите во период на пролетен развој, истакнуваат агрометеоролозите.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи