Најавени нови капитални проекти во општина Гази Баба
Нови објекти на основните училишта „Вера Јоциќ“ и „Крсте Петков Мирирков“ ќе бидат изградени во следниот период. Во рамки на ОУ „Вера Јоциќ“ ќе биде изградена и модерна спортска сала, а набрзо ќе почне и градбата на новата спортска сала во рамки на ОУ „Св.Кирил и Методиј“ во село Стајковци во општина Гази Баба.
Станува збор за крупни капитални проекти кои ќе бидат реализирани во следниот период во рамки на Гази Баба, а за кои денеска на средба во просториите на општината разговараа заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски и градоначалникот Тони Трајковски.
- Со градоначалникот и со останатите претставници на општината го разгледавме прогресот на проектите кои се поврзани со ресорот образование, а се однесуваат на подобрување на целокупната образовна инфраструктура на територијата на општина Гази Баба. Едно од најголемите барања на жителите на општина Гази Баба поточно на населбата Хиподром беше изградбата на нов училишен објект во ОУ „Вера Јоциќ“, кој е во дотрајана состојба. Станува збор за постар објект кој неколку пати е саниран. Како Влада и како Министерство преземавме обврска пред извесно време да ги започнеме сите активности, изјави Ристовски.
За конкретното училиште, посочи, распишан е јавен повик односно тендер, се очекува до 14 март да пристигнат понудите по однос на негова изградба, а потоа би следела нивна евалуација и изборот на компанија која ќе го гради.
Ристовски истакна дека очекува до почетокот на мај да почнат градежните активности за изградба на комплетно ново училиште за 600 ученици.
- Училиштето е проектирано да биде изградено на површина од повеќе од 2100 м2. Со оглед на проектираните вредности кои досега ги имаме реализирано, некаде меѓу 70 милиони денари и 80 милиони денари се очекува да биде оваа инвестиција. На целокупната територија на Гази Баба ќе следат уште три крупни проекти. Вториот, кој директно е поврзан со ОУ Вера Јоциќ е модерната спортска сала која ќе биде изградена во рамки на новото училиште. Но, прво треба да се заврши комплетната изградба на новиот училишен објект, па потоа спортската сала, потенцира Ристовски.
Тој го истакна и новиот училишен објект кој во следниот период ќе биде објавен, а станува збор за ОУ Крсте Петкови Мисирков, како и почнувањето со градба на новата спортска сала во рамки на ОУ „Св.Кирил и Методиј“ во село Стајковци во општина Гази Баба.
Додаде дека на тој начин само потврдуваат како Министерство и како Влада дека ги одржуваат нивните верувања во пресрет на интересите на граѓаните, а најави дека така ќе продолжат и во следниот период.
Градоначалникот Трајковски рече дека на средбата со Ристовски разговарале за инвестициите кои во следниот период следат на територија на општината Гази Баба.
Се заблагодари на МОН и на Владата, затоа што, како што рече, неколкуте нивни најголеми барања досега што биле во делот на образованието, како што се изградба на ново ОУ „Вера Јоциќ“ и ново ОУ „Крсте Петков Мисирков“ и двете спортски сали биле приоритетни проекти за жителите во општина Гази Баба.
- Верувам дека со завршување на тендерската постапка набрзо ќе започнеме да го градиме новото ОУ „Вера Јоциќ“. Паралелно со тоа разговаравме и со директорката наставно-образовниот процес да тече континуирано, значи дечињата да немаат прекин на настава или преселување во друг објект. Значи во рамките на постоечкото училиште имаме доволно простор. Каде што се наоѓа спортското игралиште ќе се гради новото училиште, а дечињата ќе си учат и образовниот процес ќе продолжи во постоечкиот објект додека се изгради новиот објект, рече Трајковски.
Посочи дека разговарале и за тековно инвестициските активности кои ги имаат заедно со МОН, заедно со директорите од основните училишта.
- Работиме на санација и реконструкција и на останатите училишта. Во текот на зимскиот распуст имавме активност во сите училишта и беа инвестирани околу шест милиони денари за нивна санација и реконструкција. Деновиве се распишаа тендерите и се избраа фирми за дополнителни реконструкции и санации на училиштата кои следат во следниот период. Планирана е вредност од околу 10 милиони денари кои во следниот период до крајот на учебната година треба да се инвестираат во основните училишта, истакна Трајковски.
Во овој дел од годината, потенцира, посебен акцент ставаме на енергетската ефикасност на училиштата. Нагласи дека како општина сакаат да влијаат на намалување на загадувањето на животната средина.
- Во неколку училишта планирана е замена на постоечките котелски постројки којшто се со нафта, со котли на пелети. Дел од котелската постројка во ОУ „Дане Крапчев“ се замени, сега тече постапката за избор на фирми кои ќе направат реконструкција и замена на котелските постројки во училиштето во Странчинци и во ОУ „25 Мај“, додаде Трајковски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето