Најавена обнова на 12 патишта, инвестиција од 14 милиони евра

Проект за обнова на 12 регионални патишта со вкупна должина 166 километри почна Јавното претпријатие за државни патишта во соработка со Министерството за транспорт и врски. Инвестицијата во обновата на патиштата изнесува 14 милиони евра, обезбедени од Светска банка.
ЈП за државни патишта веќе потпиша договор со проектанска компанија за изработка на концептуални проекти, кои, како што соопшти денеска ресорното Министерство, се очекува да бидат завршени за четири месеци.
По изработката на конкретните проекти ќе се обновуваат регионалниот пат Младо Нагоричане - граница Пелинце, во должина од 19 километри, државните патишта Делчево - Звегор, во должина од петр километри и Струмица - Ново Село – граница со Бугарија, во должина од 20 километри.
Дел од проектот се и регионалните патишта Јурумлери - Драчево, во должина од 5 километри, Кавадарци - Росоман, во должина од 11 километри, Дедели - Фурка - Богданци – Гевгелија, во должина 24 од километри, Куманово - Свети Николе, во должина од 25 километри, Тетово - Попова Шапка, во должина од 15 километри, Делчево - Пехчево, во должина од 15 километри, Берово - Виница, во должина од 7 километри, Битола - Демир Хисар, во должина од 10 километри и Драчево - Орешани - Таор, во должина од 10 километри
- Владата на Република Македонија е целосно фокусирана на изградба и реконструкција на патната инфраструктура во Република Македонија, со цел да се овозможи поквалитетен живот на граѓаните и економски раст и развој на земјата, с евели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж
-

Полициска потрага во кипарскиот град Лимасол по лицето кое го фатило светиот крст и побегнало
-

ЕК не го признава легитимитетот на Делси Родригез, но ќе се ангажира со венецуелските власти
-

Уапсени двајца членови на групата „Пинк Пантери“ за грабеж на златарница на Халкидики со „плен“ од над 500.000 евра
-

Лазаров ги одбра 19-мината кои ќе патуваат на ЕП 2026
-

Повеќе од 25.000 домаќинства во Берлин четири дена се без струја по нападот врз електричната мрежа
-

На ГП „Блато“ приведен албански државјанин, се запалило и возило во колона
-

Во опожарениот бар во Кран Монтана од 2019 година немало инспекции за противпожарна безбедност
