Награди за најдобрите од проектот „Творам за Македонија“
Фондацијата „Никола Кљусев“ во рамки на проектот „Творам за Македонија“ денеска ги додели наградите за најдобри творби од основните и од средните училишта. Целта е да се поттикне творештвото, убавото изразување, креативноста и натпреварувачкиот дух на учениците од основните и средните училишта во Македонија.
Маргарита Неновска, директор на Фондацијата „Никола Кљусев“ информира дека ова е петта година како ја организираат манифестацијата „Творам за Македонија“, со поддршка од Министерството за култура.
- Одѕивот секоја година е се поголем и поголем. Мислам дека веќе нема училиште кое не учествува, од основните и од средните училишта. Секоја година на учениците им даваме различна тема на која творат, од крајот на септември до ноември, кога веќе се објавуваат резултатите, рече Неновска во просториите на Фондацијата „Никола Кљусев“.
Таа истакна дека има премногу творби и додаде оти се задоволни од нивниот квалитет. Секоја година се доделуваат десет награди, пет за основните и пет за средните училишта.
- Учениците оваа година пишуваа на темата „За тебе пеам, за тебе пишувам“. Иако некои од наставниците побараа насоки за творбите, не сакавме да ги ограничиме. 90 отсто од творбите пристигнаа со патриотска содржина, иако имаше и љубовни творби, рече Неновска.
Наградените ученици заедно со менторите добиваат книги и признанија, сертификати. Основците добиваат стипендии за четиригодишно школување во Приватното средно училиште САБА, а средношколците добиват ваучер со 25 осто попуст за студирање на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.
Елена Костовска, ученичка во Гимназијата „Никола Карев“ во Скопје, која е една од наградените, истакна дека за да се успее важно е да се учествува и да се обидува.
- Оној кој молчи, не може да биде откриен и не може да се знае за него. Треба да се верува во себе, да се сака својата татковина, да се пишува за неа и да се покаже љубовта кон неа, рече Костовска.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Одобрено обвинението за пожарот во Пулс
-
Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз
-
Петти ден кампања во албанскиот политички блок
-
Предизборни активности на помалите партии
-
Кампања за локални избори 5. Ден: Каков градоначалник сакаат скопјани?