Награди за најдобра фотографија на Струмичкиот карневал
Маја Златевска, фоторепортер од Скопје, и Ѓорги Кончалиев, фотограф од Струмица, се добитници на наградата за најдобра фотографија со тема „Струмички карневал“, кои синоќа беа доделени во Струмица.
На конкурсот што го распишува Здружението на граѓани „Евро-визија“ и Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал пристигнале 150 фотографии од петнаесет автори.
- И годинава сме задоволни од квалитетот на пристигнатите фотографии. Беа на високо ниво. Охрабрува и фактот што повеќето беа од фотографи професионалци, што е едната категорија на конкурсот. Другата е за фотографи аматери, истакна Ристо Филчевски, организатор.
За наградите одлучуваше стручно жири во состав Ацо Манински, новинар, Ниче Василев, академски сликар и Митко Гогов, концептуален уметник.
Изложбата се организира традиционално во склоп на карневалските денови во Струмица, а кон крајот на март ќе биде поставена во збратимениот град Груец од Полска.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња