Награди за млади стрип автори од Македонија на Фестивал во Белград

На меѓународниот стрип-натпревар во рамки на манифестацијата Салон на стрип Белград, што овој викенд се одржува по 15-ти пат во Белград во Србија, дел од наградите доделени на автори од Македонија.
Како што информираат од Стрип Центарот на Македонија со седиште во Велес, младата стрип авторка Калина Печевска од Скопје за стрипот „Отфрлената жена“ ја освои наградата „Млад лав“ за најдобар учесник во категоријата до 15-годишна возраст, а Марија Стојановска, исто така од Скопје, за стрипот „Кафе на ѕидот“ се закити со награда од спонзорот на манифестацијата „Сириус продакшн“.
Како што појаснува Томе Трајков, проектниот координатор на СЦМ-Велес, за разлика од претходните неколку години кога на овој престижен стрип-фестивал учество земаа едвај четири-пет македонските автори, годинава тој број е неколкукратно зголемен.
- За што заслуга има Стрип Центарот на Македонија – Велес, од каде организирано испратија петнаесеттина стрипа на млади македонски таленти. Со тоа по бројот на учесници, 23 од вкупно 272, како и по бројот на освоени награди, Македонија е веднаш зад домаќинот Србија, потенцира Трајков.
Воедно појаснува дека Стрип Центарот на Македонија - Велес од претходно практикува организиран настап на вакви меѓународни конкурси и фестивали, пракса што ја интензивираат и прошируваат.
- Конкретно, испраќаме стрип-дела на лица со кои СЦМ–Велес соработува, пред се млади стрип-автори. Реалните факти посочуваат дека македонската стрип-сцена е недоволно застапена на вакви настани во странство. Инаку засега освен на фестивалите во Лесковац и Призрен, поискусните стрип-автори не учествуваат на други конкурси“, вели Трајков.
Тој информира дека покрај двете наградени, во официјалната селекција од сто најдобри стрипа изложени на манифестацијата влегле и македонските автори: Катерина Николовска, Мирко Бојаџијевски, Евгенија Трајковска, Катерина Апостолска, Стефанија Ристовска, како и Александар Стеванов, годинашниот лауреат на Признанието за развој и афирмација на стрипот во Македонија „Љупчо Филипов“, а кое кон средина на октомври ќе биде доделено на Меѓународниот салон на стрип - Велес 2017.
Ново на Сител
-

Трамп го прекина интервјуто за Ен-би-си, ги нарече медиумите „расипани“
-

Во Скопје во еден ден пронајдени тројца починати мажи
-

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, пет биле без возачка дозвола
-

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
-

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“
-

Кривична за 29-годишен дебранец кој возел без возачка, пијан и ги нападнал полицајците
-

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид
