Награди за Битолскиот подвижен музички театар во Нови Сад и во Пула

Битолскиот подвижен музички театар или Moving Music Theatre на Марјан Неќак за моно-операта „Дневникот на лудиот“ доби награди во Нови Сад, Србија и Пула, Хрватска.
- Критичарите на Интернационалниот фестивал на алтернативен и нов театар ИНФАНТ во Нови Сад, посочија дека нашата претстава го реафирмира музичкиот театар дополнет со современи средства во дизајнот на звучната и визуелната слика. Задоволни сме од освоената награда на овој, но и на Меѓународниот театарски фестивал „ПУФ“ што се одржа во Пула каде сме наградени за поединечно и заедничко уметничко остварување и презентација на познатото дело на Гогољ, појасни Неќак.
ММТ-Битола на 31 јули ќе учествува на „Сплитско лето“, на 14 и 15 август ќе настапи во Бриони, а летната фестивалска турнеја ќе биде заокружена во црногорскиот туристички центар Тиват каде на 25 август ќе биде изведена моно-операта „Дневникот на лудиот“.
Ново на Сител
-

Укинување на доживотниот затвор бараат осудените за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
-

Ниту еден од 13-те полицајци не се чувствува виновен за трагедијата во „Пулс“
-

ЕУ разгледува можност за постепено интегрирање, Муцунски бара да нема билатеризација
-

Опозицијата обвини за блокади - Власта за предавство
-

Од полноќ дизелот поевтинува за 4 денари
-

Увид во изградбата на автопатот за Охрид
-

Филипче: Изградбата на коридорите е добар потег
-

Училишните психолози ќе се лиценцираат за да превенираат врсничко насилство
