-->
-->
Наградени ученици од Кочани во Италија
-->
Шестмина ученици од 7-1 одделение од ОУ „Никола Карев“ од Кочани се наградени на мегународниот конкурс за поетски творби под наслов „Замокот на Дуино“ во италијанскиот трад Трст.
- На овој меѓународен конкурс учествуваа шест ученици од 7-1 одделение од нашето училиште кои изработија книга со стихови на тема „Гестот и генезата-природата како слика“. Стиховите се авторско дело на овие шест ученици кои се презентирани на македонски и италијански јазик, изјави Љупка Стоименова, наставник по македонски јазик под чие менторство е работена книгата стихови.
На овој мегународен конкурс на фоднацијата „Замокот на Дуино“ во Трст, Италија учествува повеќе земји од светот, а од Македонија се наградени училиштето „Никола Карев“ од Кочани и “Васил Главинов“ од Велес.
Стоименова информираше дека кочанските литерати ќе присуствуваат на отворањето на оваа манифестација која е закажана за 20 март оваа година во Трст- Италија, кога и ќе ја примат наградата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Привремено деблокиран судот во Нови Сад
-
Јамал добива нов договор и бројот 10
-
Повеќе од 160 загинати и 234 исчезнати мигранти на медитеранската рута од почетокот на годинава
-
Запален автомобил на политичар во Битола, огнот зафатил уште две возила | ФОТО
-
Русија ослободи нафтен танкер откако го задржа во Балтичкото Море
-
Во Кина измерени рекордни над 40 степени
-
Силекс потпиша 28-годишен Португалец
-
Приведен 21-годишен крадец од радовишко