Наградени средношколците кои произвеле најдобро вино во домашни услови

Во чест на денешниот ден на кој во светот се слави младото вино, во земјоделското училиште во Кавадарци беа доделени награди за учениците кои произвеле најдобро вино од годинашното грозје. Средношколците кои го печат занаетот низ теорија и пракса во училиштето, вино произведуваат во домашни услови, заедно со нивните родители. Се оценуваа триесетина мостри на вина, бели и црвени.
Најдобрите вина произведени од ученици беа прогласени од стручни лица, еминентни енолози, кои ги дегустираа, а доаѓаат од две познати винарии од Кавадарци.
-Се ова е дел од процесот на производство на виното. Сега се проверува до кој степен тоа се развило, за да се знае што треба да се стори понатаму. Во училишната лабораторија која почна да функционира минатата година, се следат сите фази од зреењето на виното и се одредуваат сите негови параметри , како и енолошките постапки потребни за да се добие убаво, вкусно и здраво вино, рече директорот на училиштето „Ѓорче Петров”.
Тој изрази надеж дека учениците и наставниците ќе продолжат со активности и ќе бидат пример за тоа, како треба да се работи, за да се дојде до успешен производ.
Дека квалитетот на произведените вина е одличен, потврди и професорот по стручни предмети во училиштето, Горан Керов. Тој нагласи дека вината допрва ќе зреат и ќе бидат уште поубави.
Ново на Сител
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Преглед на вестите од светот
-

Без поместување на позициите заврши првата официјална средба Муцунски - Петрова Чамова
