Награда за слобода на медиумите од УНЕСКО за уапсен египетски фоторепортер
Организацијата на Обединети нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) денеска му додели награда за слобода на медиумите на египетскиот фоторепортер Махмуд Абу Заид познат како Шавкан, кој е во затвор.
УНЕСКО ја донесе одлуката игнорирајќи го предупредувањето на египетските власти. Шавкан е во затвор откако беше уапсен во август 2013 година во Каиро, поради известување за протестот на плоштадот Раба Ал-Адавија.
Претседателката на житито Марија Реса изјави дека наградата, со која се оддава признание за унапредување на слободата на медиумите, како и „признание за неговата храброст, отпор и посветеност на слободата на изразување“.
Египетското Министерство за надворешни работи вчера го предупреди УНЕСКО поради таквата одлука, укажувајќи дека Шавкан се соочува со обвиненија поврзани со тероризмот.
Од друга страна, Работната група на ОН за произволно затворања соопшти дека апсењето на Шавкан е неосновано и оти неговото задржување во затвор претставува кршење на човековите права.
Ново на Сител
-
Спортски настани кои ја одбележаа 2024 година
-
Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол, соочен со апсење, наведува дека ќе се бори до крај
-
Истрага за пронајдена марихуана во Тетово
-
Мицкоски: Процесот на пристапување во ЕУ со ваквиот начин на одлучување се балканизираше, наместо ние да се европеизираме
-
НБ: Се зголемува плаќањето со картички и преку мобилни апликации
-
Судски совет утре избира нов претседател
-
Во Тетово фатени двајца избегани од затвор
-
Во Швајцарија стапи на сила забрaната за носење бурка, казна од 1.064 евра за прекршување