Надградба на опремата на Клиниката за кардиологија и нов ангеограф
Ангеографските сали на Клиниката за кардиологија во Македонија имаат најголема фреквенција на работа во цела Европа и огромен број пациенти. Ова го истакна министерот за здравство, Венко Филипче кој најави надградба на опремата на Клиниката за кардиологија, набавка на нов ангеограф и воведување модерен медицински третман што се повеќе зема замав во развиените европски земји.
-Тоа се методи што им овозможуваат на пациентите за многу кратко време да закрепнат, да имаат многу краток престој во болница и за многу кратко време да се вратат на секојдневните обврски, а во што ние сериозно инвестираме, изјави Филипче на денешната презентација, за најновите достигнувања во медицината во смисла на минимално инвазивни методи со кои се лекуваат периферните васкуларни болести, во организација на Универзитетската клиника.
Заедно со Светската здравствена организација, Министерството,како што истакна Филипче, работи на моделот на превенција, како да се намалат ризик факторите, за во иднина да можат да се справат со оваа патологија.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис