Надал: За два загубени натпревара плачев со часови
Рафаел Надал е еден од најсилните ликови во тенисот секогаш може да победи на натпревар поради неговата голема непопустливост и духот на победата, но дури и најголемите во спортот понекогаш имаат свои моменти на разочарување и сомнеж.
Матадор откри дека за два натпревара во неговата кариера, што завршиле со пораз за него биле многу разочарувачки.
„Мојот пораз од Федерер на Вимблдон во 2007 година беше дефинитивно еден од најтешките за прифаќање. Плачев во соблекувалната нон-стоп час и половина, затоа што понекогаш разочарувањето е едноставно неподносливо, дури и ако е само тениски натпревар“.
Светскиот рекет број 2 сепак му се „одмазди“ на Швајцарецот следната сезона, но ситуацијата се повторила и во 2014 година, кога Шпанецот беше поразен во пресметката за трофејот во Мелбурн од Стан Вавринка.
„Тогаш плачев бидејќи имав многу болки во грбот, но едноставно не можете да се откажете од финалето на Грен слем“, рече Надал.
Ново на Сител
-

Заврши реконструкцијата на ГАК вредна 110 милиони денари, на Клиниката годинава родени над 4 000 бебиња
-

Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување, а Џини индексот е првпат под 30 проценти во последните 30 години
-

Собранието го донесе Законот за Судски совет
-

Јаневска: Во образованието почнува да се реализира она што требало многу порано, се движиме добро
-

Зеленски: Од Трамп побарав гаранции за Украина во траење до 50 години
-

Граничниот премин Евзони повторно затворен за сите возила со две четиричасовни блокади на грчките земјоделци
-

Во среда и дневните температури под нулата, ќе има и силен ветер
-

Умот не ми даваше дека е мртов, потресно сведоштво на мајка на судењето за трагедијата во Пулс
